Вие сте во:

Дома > Актуелности > Интервјуа > Веселин Вујовиќ

Интервју: Веселин Вујовиќ

Вардар про е меѓу петте најдобри тимови на Балканот

 

“Според квалитетот што го поседува екипата, а знаејќи ги другите тимови од балканските земји, можам да кажам дека Вардар про сезонава има тим кој според силината е меѓу петте најдобри.”


Тренерот Веселин Вујовиќ трета сезона ќе го води тимот на Вардар про. Во летниот период беа донесени повеќе квалитетни ракометари, па сега целта на клубот не е само освојување на двојната круна?
- Задоволен сум од играчите што ги донесовме. Сега имаме навистина квалитетни играчи на секоја позиција и можеме без проблеми да комбинираме. Секоја позиција е добро пополнета, конкуренцијата е зголемена.


Колку Вардар сезонава е посилен од лани?
- Па реално околу 30-40 отсто. Некои си заминаа, некои дојдоа и тоа се се проверени играчи. Ние со Наумче Мојсовски го добивме оној мотор што ни требаше во нападот. Ќе бидеме многу поразновидни, поексплозивни во играта. Во одбрана сега можеме да играме секоаква одбрана, од 6-0, 5-1 или 3-2-1. Имаме играчи за се.


Игравте повеќе контролни средби во подготвителниот период против силни противници. Како би го рангирале Вардар про со тие игри што ги прикажа на турнирите?
- Особено ме радува што имавме можност да одиграме повеќе силни средби против реномирани екипи, некои на наше рамниште, а некои според реномето, дури и посилни. Покажавме дека можеме без проблем и респект да играме со секого. Гледајќи ја сегашната ситуација на нашиве простори, особено на Балканот, и според прикажаната игра на моите ракометари, Вардар про е сигурно меѓу петте најдобри екипи тука.


Која е целта сезонава на Вардар про?
- Нормално, сакаме да освоиме најмалку еден трофеј. Значи во најмала рака да го одбраниме Купот, и да ја вратиме титулата во нашата сала. Знаеме дека ќе биде тешко, и неможе се да се реши со само еден меч. Сезоната е долга.


Металург повторно е најголем кандидат на Вардар про во домашните натпревари?
- Ние го цениме Металург. Лани имавме четири израмнети средби во првенството. Еден гол ја реши титулата. Во Купот им се реванширавме, но, повеќе се цени титулата. Сега сакаме да се реваншираме, и повторно да ја донесеме двојната круна. Се познаваме меѓусебе многу добро и нема што да криеме. Тие имаат извонреден тренер и одличен голмански тандем. Останува да се надигруваме на паркетот.


Во европските купови, Вардар про реши да игра во КПК?
- Оваа екипа што ја правиме не е само за домашното првенство. Сакаме да имаме добри резултати и во КПК. Со малку среќа во ждрепката можеме да се надеваме на најмалкиу четврт-финале, или полуфинале. Никогаш досега не сме играле во финале, и оа би бил одличен резултат. Со некои од тимовите што се КПК и сега игравме, па знаеме на кое рамниште сме.

 

Следни Натпревари

Анкета

Дали Вардар про ќе го мине третото коло на КПК и ќе “презими” во Европа?


Да
Не

Спонзори на ВАРДАР Про