Дејан Маринковиќ (20) син на поранешниот познат македонски ракометен репрезентативец Драган Маринковиќ е на проба во тимот на Вардар про.
Младиот бек кој има и австралиски пасош и извесно време живееше во Австралија, есенскиот дел во Македонија настапуваше за екипата на Златен даб од Прилеп.
Но бидејќи прилепчани немаат добри резултати, ги тресе беспарица, младиот Маринковиќ реши да побара друга средина за продолжување на кариерата. Тој игра на позиција на средниот бек. Ако задоволи тогаш ќе биде задржан, но за тимот на МРК Вардар, каде се појави "дупка" откако четворица ракометари беа прекомандувани кај сениорите.