Дербито од домашното првенство, против Металург, ракометарите на Варадр про ќе го играат во недела во СРЦ Кале во 18,30 часот. Мечот може да покаже и кој е поблиску до титулата. На првата средба во Автокоманда, Вардар загуби со 22-28.
Вардар про се надева дека со победа ќе ја врати неизвесноста во првенството, и ќе ги задржи шансите за титулата.
Судии на средбата се Ацо Николовски и Ѓоко Колевски. Делегати се Драган Начевски и Миле Најденовски.