- Дојдовме на овој напревар како аутсајдери. Во есенскиот дел бевме надиграни и сега играчите многу посакуваа победа. Толкава желба за победа одамна не сум видел. Срцето победи овој пат. И знаењето, но најмногу срцето. Клупата даде огромна поддршка. Вардар почнува да „дише“, тоа многу ме радува - вели Љубомир Савевски стратегот на Вардар Про- Ова е добро за македонскиот ракомет. Сега завршницата на Купот ќе биде поинтересна. Ние ќе се подготвувавме да го вратиме трофејот од купот. Противникот знае дека нема да биде лесно. Добро е што и кај нас се враќа самодовербата по многуте пехови и проблеми што ги имаше екипата, вели Савевски.