Вие сте во:

26.03.10

Триумф на Вардар про во Автокоманда

 

Вардар про победи во градското дерби против Металург со 29-27 во Автокоманда, враќајќи му на ривалот за поразот во СРЦ Кале, есеноска. Ова е првата значајна победа на новиот тренер Љубомир Савевски по доаѓањето на кормилото на „црвено-црните“.


Вардар про покажа ново светло во својата игра, одлична одбрана, тимски дух, и голема пожртвуваност.


Вардарци водеа во првиот дел од првото полувреме. Металург преку расположениот Блечиќ, кој влезе во серија од четири гола, го презеде водството и на одмор отиде со предност. Вардар се врати во вториот дел и поведе, најмногу по заслуга на Радослав Стојановиќ и на Стефче Алушовски. Во клучните моменти голманот на Вардар Петре Ангелов одбрани неколку зицери и два седмерци. Вардар беше поефикасен кога требаше.

 


МЕТАЛУРГ - ВАРДАР ПРО 27-29 (15-13)

Сала: "Автокоманда" во Скопје.

Судии: Славе Николов и Ѓорѓи Начевски

Делегати: Камер Металари и Марјан Начевски


МЕТАЛУРГ: Ристовски, Мисовски, Брестовац, Левов 3, Димовски, С. Стоилов, Каваш 4, Георгиевски 1, Блечиќ 5, Ѓоргоноски, Н. Мојсоски 7/11, М. Стоилов, Маркичевиќ 3, Манасков 2, Чурувија 2.

Седмерци: 8/13

Исклучувања: 8 мин.


ВАРДАР ПРО: Ангелов, Даскаловски, Митревски, Стојановиќ 9, Караиванов, Макалоски 1, Ангеловски 3, Кукоски, Н. Маркоски 3, Јовчевски, З. Мојсоски  4, Алушевски 7, В. Маркоски 1.

Седмерци: 2/4

Исклучувања: 18 мин.

 

Следни Натпревари

Анкета

Ќе успее ли Вардар про да продолжи во втората фаза на Лигата на шампионите?


Да
Не

Спонзори на ВАРДАР Про