Вие сте во:

26.03.10

Утрински весник: Пролетно будење на Вардар про

 

Вардар про дочека да се радува на победа во дуелите со Металург оваа сезона. Неговите ракометари имаа повеќе жар, покажаа повеќе желба за успех, за играње и надигрување, за себе, за клубот, и успеаја. И тоа на жешкиот терен во Автокоманда. Црвено-црните триумфираа со 29:27 во меч во кој демонстрираа осцилации во првото полувреме, во второто одиграа многу постабилно и на крајот, што е најважно за нив, не ја пропуштија можноста да уживаат во победата чиста како солза. Радослав Стојановиќ со 9 гола и Стевче Алушовски со 7 го предводеа гостинот од под Кале, Наум Мојсоски со 7 погодоци, Дамјан Блечиќ со 5 и Боштјан Каваш со 4 беа најефикасни во поразениот состав.
Се враќа атмосферата во соблекувалната на вардарци, се подигнува самодовербата кај момчињата на Љубомир Савевски, добиената битка во Автокоманда може да се сфати и како добар почеток на проектот нов Вардар. И добро е што е така, добро е што Вардар про полека се враќа во стариот колосек, добро е тоа за Металург, за домашното првенство, за репрезентацијата. Дали ова е блиц партија (да бидеме реални далеку е од блесок) на се' уште актуелниот шампион, ќе покажат натпреварите што следуваат, посебно одмерувањето на силите со Металург во националниот куп, натпреварување во кое јавноста однапред го впиша петтото сезонско соочување на конкурентите за титулата.

 

utrinski.com.mk

Следни Натпревари

Анкета

Ќе успее ли Вардар про да продолжи во втората фаза на Лигата на шампионите?


Да
Не

Спонзори на ВАРДАР Про