Во продолжение на сезоната, Веселин Вујовиќ нема да биде на тренерското место во Вардар про, откако двете страни договорно ја прекинаа соработката.
Откако ги загуби двете средби со Металург, и последниот пораз од Тинекс пролет, тренерот Вујовиќ ја понуди својата оставка, сметајќи дека треба да замине поради тоа што не го постигнал посакуваниот и ветениот резултат со Вардар про годинава.
Додека беше тренер во Вардар про, Веселин Вујовиќ беше и селектор на машката сениорска репрезентација на Македонија, а ги предводеше и младинците на СП 2007 година во Охрид каде го освоија 10 место во конкуренција на 20 репрезентации.
Управата на Вардар про му се заблагодарува за досегашната соработка и за трофеите освоени кога тој беше тренер и му посакува се најдобро во идните ангажмани.