Во походот по осмата титула во Купот, Вардар про во полуфиналето го победи тимот на Пелистер со 28-23 (14-11) најавувајќи дека против градскиот ривал Металург ќе се бори за враќање на трофејот во СРЦ Кале.
Во поголемиот дел од мечот, Вардар про ја имаше иницијативата и водството. Само во периодот од 18 до 20 минута гостите поведоа, и тоа со два гола. "Црвено-црните" потоа постојано беа во предност.
Во другиот полуфинален меч, Металург го победи ВВ Тиквеш со 30-20.
Финалето се игра утревечер (недела) во 19 часот.
Вардар про - Пелистер 28-23 (14-11)
Сала во СРЦ Кале. Судии: Чавдаров и Наумовски.
Вардар про: Пешиќ 4, Стојановиќ 3, Караиванов, Пецаковски 3, Макалоски 1, Ангеловски 2, Петровски, Вукчевиќ, Н.Маркоски 1, Јовчевски 1, Мојсоски 6, Митревски, Алушовски 7, В.Маркоски, Ангелов.
Седмерци: 1/1
Исклучувања: 8 мин. (Стојановиќ, Караиванов, Пецаковски, В.Марковски)
Пелистер: Георгиевски, Димитровски, Николовски 5, Зарков, Јанкуловски 2, Грујовски, Атанасовски 4, Димитровски, Везенковски 6, Унчевски 5, Стефановски, Илиевски, Трајковски, Митревски, Тосковски, Ивановски.
Седмерци: 9/9
Исклучувања: 2 мин. (Димитровски х2)
Движење на резултат: 1-0, 2-0, 3-1, 4-1, 5-2, 5-5, 6-5, 6-7, 6-8, 8-8, 10-9, 12-10, 14-10, 14-11 (полувреме), 14-12, 15-13, 15-14, 18-15, 20-16, 22-17, 23-17, 23-18, 23-19, 24-19, 25-20, 26-20, 28-20, 28-21, 28-22 (крај)