Ракометниот гигант Барселона в среда (11 ноември) гостува во Скопје, во 5. коло на Д групата од машката Лига на шампионите против Вардар про.
Шпанскиот тим е фаворит на мечот, бидејќи има поквалитетен состав, и се бори за висок пласман во Лигата. Вардарци досега четирипати играл со Барселона, и секогаш бил поразен, но во 2003 година успеа да победи во едно полувреме, 16-14.
Но, за тренерот Веселин Вујовиќ ова ќе биде нов меч во кој ќе се бара подобрување на формата. Свесни дека тешко ќе биде да се победи сега Вардар про повеќе е свртен кон домашното првенство, и мечот со Металург.
Средбата против Барселона требаше да се игра во салата „Борис Трајковски“ в сабота на 17 ноември. Но, откако Барселона се пожали дека неможе да го одложи мечот од домашното првенство против Валјадлид, ЕХФ му излезе во пресрет на шесткратниот европки првак.
Сега проблем беше салата „Борис Трајковски“ која во среда е зафатена, па како алтернатива се реши СРЦ Кале, иако пред почетокот на сезоната беше кажано од ЕХФ дека само во „Борис Трајковски“ може да се играат мечеви од ЛШ.
Мечот почнува во 18,30 ч. во салата во СРЦ Кале.
Директен ТВ пренос од мечот има на А1 ТВ.