You are in:

Home > Latest > News > News
27.02.10

Amicitia - Vardar Pro 24-31

 

Vardar pro celebrate 31-24 in Zurich against Amicitia in round 9 in CL group matches. This is first victory for Vardar Pro this season in CL, and third in CL at all. With this win, Macedonian team secure fifth place in group D in CL.


Иако има да се одигра уште едно коло, последното во вое тимот гостува во Германија, кај Кил, сигурно ќе го освои петтото место, без разлика дали Амициција ќе успее да го изненади Адемар во Шпанија, што е малку веројатно. Вардар про сега има 3 бода. На мечот во Скопје, Вардар Про и Амициција играа нерешено 22-22, иако скопјани имаа водство.

Одигрувајќи одлично второ полувреме во кое Вардар Про постигна 16 гола, а прими само 6, „црвено-црните“ конечно ја прекинаа традицијата да бидат поразувани на гостувањата кај екипите од Швајцарија. Ова е трета победа за Вардар про во во ЛШ, по она во Белгија (Ејнатен) и Романија (Констанца)

Лошо почна тимот, бидејќи по 4 минути веќе губеше со 4-0. Првиот гол го постигна Јовчевски во 5 минута. Тренерот Љубомир Савевски во 6 минута при резултат 6-1 побара „тајм аут“ сакајќи малку да ги размрда редовите, да го врати тимот на вистинскиот колосек. Но, продолжи лошата серија на Вардар, па во 12 минута беше 9-4 за Амициција. Лошо се играше во одбрана, Даскаловски одбрани само еден шут, па место него во игра влезе Ангелов. Но, ниту тој многу неможеше да промени, освен што четирипати имаше успешни одбрани.

Домаќините продолжуваа да ги користат грешките на Вардар Про во одбраната и брзоплетоста во нападот. Во 17 минута Амициција првпат имаше водство од седум гола, 14-7. Малку се созема Вардар Про, па имаше период на добра игра и серија голови, за намалување на 15-11 во 23 минута. И наместо да се продолжи со добрата игра и да се искористи исклучувањето на домашниот ракометар, Вардар про дозволи да прими гол а имаше играч повеќе во поле. Повторно гостите дојдоа до плус 6 (17-11).  Ангеловски двапати и Алушовски еднаш постигнаа голови, а Јовчевски во последната секунда постогна гол, откако на едно додавање од Ангелов, домашниот голман Васкевичиус ја испушти па Јовчевски со звукот на сирената намали на 18-15.

Десетте минути одмор за Вардар про значеа преродба, полнење на батериите и слушање на советите на Савевски, како да се направи пресврт. Вардар Про во второто полувреме беше сосема поинаков тим. Му требаа само три минути да израмни, 19-19, повторно преку Јовчевски. Од тука „црвено-црните“ ја преземаат целосната доминација, контрола во играта, реализираа многу од нападите, одбраната затвори многу дупки, а голманот Ангелов се разбрани. Три мунути подоцна во 39 минута, домаќините бараат тајм аут при резултат 23-19 за Вардар про.

Нема промена во играта. Вардар про погодува, иако во нападот има и доста промашувања. Следува период од десет минути, од 39 до 49 минута во кој домаќините не постигнаа гол, а Вардар про двапати погоди, преку Ѓорѓевиќ и Стојановиќ. Веќе стануваше јасно дека победата е блиску. Следните шест минути веќе донесоа уште појасна слика. Двапати Пешиќ и еднаш Ѓорѓевиќ постигнаа голови со кои водството на Вардар Про веќе беше зголемено на 28-22. До крајот остана само рутина, па Стојановиќ, Ѓорѓевиќ и Алушовски не само што ја запечатија победата туку ја направија и поуверлива.



Next Matches

Poll

Will Vardar pro reach next phase of CL?


Да
Не

VARDAR Pro Sponsors