Клубска историја на РК Вардар
Ракометниот клуб Вардар е основан во 1961 година. Најголемите успеси ги постигнува откако Македонија станува самостојна држава, кога почнува и прогресот на клубот. Повеќекратниот првак, победник на Куп, постојано е во врвот на македонскиот ракомет.
Во клубот играле најголемите ѕвезди на македонискиот ракомет како што се Пепи Манасков, Ванчо Јовановски, Аце Станковски, Љубомир Савевски, Драган Маринковиќ, Зоран петковски, Игор Котевски,Стефче Алушовски, Бранислав Ангеловски, Марјан Колев, Кирил Атанасовски, и многу други
Последните години стандардно по неколку играчи од Вардар играат во националниот тим на Македонија, и секогаш има по неколку познатиинтернационалци. Тренерот на Вардар повеќепати бил и слектор на националниот тим на Македонија.
Подолу имате некои од најголемите клубски успеси:
Најголеми клубски успеси:
Шампион на Македонија: 1998/99, 2000/2001, 2001/2002, 2002/2003, 2003/2004, 2006/2007
Вице првак на Македонија: 1999/2000; 2005/2006, 2007/2008
Победник на национален Куп: 1996/97, 1999/2000, 2000/2001, 2002/2003, 2003/2004, 2006/2007, 2007/2008
Финалист на национален куп: 2005/2006, 2006/2007
Двојна круна: 2000/2001; 2002/2003; 2003/2004, 2006/2007
Европа:
Европски КПК - 1/2 финале: 1998/99, 2004/2005
Настап во Лига на шампионите: 2001/2002; 2002/2003; 2003/2004; 2004/2005, 2007/2008,
Други клубски рекорди:
* Прв македонски машки клуб што освоил четири шампионски титули по ред (2000/2001 - 2003/204)
* Прв македонски машки клуб со седум трофеи од Национален Куп
* Прв македонски клуб со четири титули по ред во првенство
* Прв македонски машки клуб што играл пет пати во Лигата на шампионите, четирипати по ред
* Втор македонски машки тим што играл во групите од Лигата на шампионите
* Прв македонски машки клуб што играл четирпати по ред во Лигата на шампионите
* Прв македонски машки клуб што играл петпати во Лигата на шампионите
* Прв македонски клуб што освоил пет бода во групата од Лигата на шампионите (2007/2008)
* Втор македонски машки клуб што играл во полуфинале на КПК (1998 - 2005)
Други резултати по сезони
1992/93 - 3 место место во македонско првенство
1993/94 - 3 место МКД првенство, 1/2 финале Национален Куп
1994/95 - 3 место МКД првенство, 1/16 финал Куп ЕХФ
1995/96 - 7 место МКД првенство, 1/16 финале Куп ЕХФ
1996/97 - 3 место МКД првенство, Победник на национален Куп
1997/98 - 3 место МКД првенство, Финале на Куп, 1/16 КПК
1998/99 - 1 место МКД првенство, финале на Куп, 1/2 финале КПК
1999/2000 - 2 место МКД првенство, Победник на Куп, 1/16 финале Лига на шампиони
2000/2001 - 1 место МКД првенство, Победник на Куп
2001/2002 - 1 место МКД првенство, Финалист на Куп, Игра во група од ЛШ (4 место во група)
2002/2003 - 1 место МКД првенство, Победник на Куп, Игра во група од ЛШ (3 место во група)
2003/2004 - 1место МКД првенство, Победник на Куп, Игра во ЛШ (4 место во група)
2004/2005 - 4 место МКД првенство, Полуфиналист на Куп, Игра во ЛШ (3 место), 1/2 финале во КПК
2005/2006 - 2 место МКД првенство, финалист на Куп, 1/4 финале Куп Челинџ
2006/2007 - 1 место МКД првенство, Победник на Куп, 1/4 финале на КПК
2007/2008 - 2 место МКД првенство, Победник на Куп, Игра во ЛШ (4 место, 5 бода, против Загреб, Адемар и Кадетен)