Своите натпревари Вардар про ги игра во сопствената сала во СРЦ Кале. Капацитетитот на салата е околу 2.000 седишта по реконструкцијата што е направена во 2007 година, кога клубот ја доби салата на управување на подолг период, по што следеа повеќе реконструктивни зафати.
Комплетно се реновирани сите соблекувални, санитарни јазли, паркетот, ВИП салон, поставени се столчиња со потпирки со што се исполнети условите за играње и во Лигата на шампионите каде Вардар про настапуваше повеќепати.
За новинарите постојан услови за нормална работа, со посебно место со маси за работа и приклучок за електрична енергија на секое место.
Покрај ракометот во истата сала се одржуваат и други спортски настани : бокс, борење, кошарка, одбојка, како и музички концерти.
Поважни натпревари одржаниво салата Кале:
- трипати финале во ракометната лига на шампионите - жени Кометал Ѓорче Петров (2000 - Хипо, 2002 - Херц и 2005 - Слагелсе)
- светско младинско првенство 2003 - жени
- светско младинско првенство 2007 - мажи
- светско младинско првенство 2008 - жени
- супер куп за жени во ракомет 2002
- лига на шампиони мажи (Вардар Про, Металург, Кометал ЃП)
- натпревари на македонските репрезентации во ракомет (мажи - жени), одбојка, кошарка
Адреса:
СРЦ Кале
“Лазар Личеноски” 31
1000 Скопје, Македонија
СРЦ Кале се наоѓа во подножјето на тврдината Кале веднаш до реката Вардар, на десетина минути пеш од центарот на градот. Најлесен начин да се стигне од центарот е пеш покрај кејот на реката Вардар. Салата располага и со паркинг за повеќе десетина возила.